Search

Кушан е шестото засилување за битолски Еурофарм Пелистер

Хрватот Томислав Кушан е шестото засилување на битолскиот ракометен сусперлигаш и македонски претставник во регионалната СЕХА-лига, кој очекува вајлд карта за нов настап во елитното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите. Претходно тимот од Битола ги ангажираше Танкоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Мараш и Периќ.

Со Кушан во ростерот Еурофарм Пелистер ја пополни празнината на пикерската позиција, по заминувањето на украинскиот репрезентативец Олександр Шевелев. Хрватот во Битола пристигнува по три сезони  минати во составот на шпанскиот лигаш Ла Риоха.

Кушан е поранешен кадетски и младински репрезентативец на „коцкестите“, но неговата сениорска кариера не се развиваше според очекувањата. Има 26 години, висок е 200 цм, тежок 110 кг, а може да игра во двата правци.

Треба да знаете
Последни објави