Search

Куче херој трага по преживеани коали во пожарите во Австралија

Австралиските држави Нов Јужен Велс и Квинсленд се опустошени од пожарот. Куќите се уништени, а освен луѓето страдаат и животните.Коалите се најтешко погодени, па разни екипи ги бараат оние кои го преживеале огнот. Во една таква екипа е Бер – куче обучено да пронајде коали.
„Нашето куче Бер им носи надеж на коалите кои ги преживеаја смртоносните пожари во Австралија, но на овие животни им требаат повеќе херои за да се спасат од оваа катастрофа. Бер неодамна е префрлен во Квинсленд и во најтешко погодениот дел на Нов Јужен Велс каде што пожарите значително влијаат на популацијата на коалите. Бер е само едно од неколкуте кучиња кои можат да откријат преживеани коали врз основа на мирисот на крзното“,  соопшти Меѓународниот фонд за благосостојба на животните.

Треба да знаете
Последни објави