Search

Кучето на Борис Џонсон кашлало и одбивало да оди на прошетка, имало корона

Додека Борис Џонсон се борел со коронавирусот во болница, неговиот џек расел териер Дилин кашлал, бил слаб и одбивал да оди на прошетка, пишува британски „Мирор“.

Џонсон беше хоспитализиран во болницата Сент Томас во април со треска и кашлица, а сите негови блиски луѓе завршија во самоизолација, вклучително и свршеницата Кери Симондс и министерот за здравство Мет Хенкок, кои исто така се заразија.

Симондс тогаш била бремена, па заедно со Дилин биле во самоизолација во куќа во јужен Лондон каде што живее Џонсон.

„Познато е дека вирусот ги зарази сите на Даунинг стрит, но се чини дека и малиот Дилин се заразил“, изјави извор од Кабинетот на премиерот за „Сан“, додавајќи:

„Тие не го тестираа, затоа не можеме да бидеме сигурни, но во исто време кога Џонсон беше на интензивна нега, а Симондс почна да ги покажува првите симптоми, Дилин беше многу летаргичен, уморен и не се однесуваше како и обично. Кога гледам наназад во тоа време,  можно е и тој да бил заразен. За среќа, и тој и премиерот закрепнаа“.

Официјалниот научен совет на Владата вели дека нема докази дека вирусот може да се пренесе од домашни миленици или дека нивните сопственици можат да им го пренесат ним, но кучињата можат да се заразат и да имаат полесни симптоми.

Бидејќи не бил тестиран, не се знае со сигурност дали Дилин бил заразен со корона или бил само летаргичен бидејќи му недостигал сопственикот.

Треба да знаете
Последни објави