Search

Кутињо се врати со гол во Премиер за реми на Вила против Јунајтед

Астон Вила се избори за реми и го сопна Манчестер јунајтед, како одмазда за елиминацијата во ФА-купот после вечерачните 2-2, кои ги обезбеди најголемото засилување на битмингемскиот клуб, Фелипе Кутињо, екс-фудбалерот на Ливерпул, кој дојде од Барселона.

Кутињо даде гол за реми на осум минути пред крајот, откако Ремзи четири минути претходно ја врати Астон Вила во мечот после големите два гола предност на „црвените ѓаволи“ со погодоците на Бруно Фернандеш во 6-та и 67-та минута од мечот.

Јунајтед со овој бод дојде до вкупно 32 и е седмопласиран, веќе пет бода од зоната за ЛШ, додека Астон Вила со 23 бода е на 13-та позиција во Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави