Search

Кутињо задоволен од своето деби за Баерн

Дебитант на Баерн Минхен, бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ги сподели своите впечатоци од својот прв натпревар во новиот клуб. Во второто коло од Бундеслигата, актуелниот шампион на гостински терен го совлада Шалке со 3:0.

-Презадоволен сум од моето деби. Победивме, па беше добра вечер. Првите впечатоци се многу добри. Баерн е огромен клуб со одлични можности. Играта беше многу интензивна. Овде сум само три, четири дена и дефинитивно треба да се подобрувам. Ќе работам напорно, изјави Кутињо.

Бразилецот е во Баерн на позајмица од Барселона за една сезона за сума од 8,5 милиони евра. Него го доби Барселона од Ливерпул за 145 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави