Search

Кутињо жртвувал огромен дел од својата плата за да остане во Баерн

Офанзивниот играч од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо ја преполовил својата плата за време на пандемијата на коронавирус, за да може да остане на „Алијанц арената” до крајот на тековната кампања.

Бразилецот продолжува да се опоравува од непријатната повреда на ногата, што не му дозволи да учествува во ниту еден натпревар на „баварците” по рестартирањето. Сепак, играчот се очекува да биде достапен за финалето на германскиот куп и плеј-офот во Лигата на шампионите.

Офанзивниот играч го продолжи заемот од екипата на Барселона за дополнителни два месеци. Меѓутоа, неговата клаузула за обновување предвидува услов да ја преполови својата неделна плата, која досега изнесуваше 200.000 евра неделно.

Баерн се соочува со Баер Леверкузен во финалето на Купот на Германија пред да се соочи со Челси во реваншот од 1/16-финалето од Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави