Search

Кутињо ги одбил Интер и ПСЖ, мисли само за враќање во Англија

Плејмејкерот Филипе Кутињо се надева дека ќе се врати во англиската Премиер лига следната сезона, според Мундо Депортиво. 27-годишниот играч од средниот ред, кој е во сопственост на Барселона, но игра на позајмица во Баерн (Минхен), веќе одбил понуда да се врати во италијански Интер и да замине во францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Кутињо играше во Англија помеѓу 2013 и 2017 година кога го носеше дресот на Ливерпул. Во почетокот на 2018 година, тој се пресели во Барселона за сума од 158 милиони евра.

Баерн, кој сега е дом на Бразилецот, има можност да го откупи за 120 милиони евра, но скоро е сигурно дека тоа нема да се случи.

Според „Мундо Депортиво”, Тотенхем е тимот што најмногу се интересира за услугите на Кутињо.

Треба да знаете
Последни објави