Search

Кутињо во финишот ја спаси честа на Барса

Екпата на Барселона беше поразена од Леванте во првиот меч од осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот со резултат од 2:1.

Леванте подобро го почна натпреварот и уште во четвртата минута Кабако погоди за 1:0 на огромна радост на навивачите, а во 18-тата минута Мајорал го постигна вториот гол за домаќините и ги шокираше играчите и навивачите на Барселона.

До полувремето Каталонците имаа неколку шанси, но без погодоци, а резултатот не се смени до 85-тата минута кога Кутињо од белата точка погоди за 2:1, спасувајќи ја честа на Барселона.

Барселона овој меч го одигра без Лионел Меси и Луис Суарез и сигурно ударната двојка на актуелниот првак на Шпанија ќе добие прилика од првата минута на следниот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави