Search

Курц доби син

Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц денеска стана татко.

Поранешниот канцелар на социјалните мрежи јави дека неговата девојка Сузана утринава се породила и родила син.

„Пресреќни сме и благодарни. Сузана и бебето се добри и со нетрпение ги очекуваме убавите заеднички задачи и нашиот прв Божик во тројка. Му благодариме на медицинскиот персонал во болницата за срдечната грижа”, напиша Курц на Фејсбук.

Курц во моментов е шеф на пратеничкиот клуб на ОВП во парламентот, откако минатиот месец поднесе оставка од функцијата канцелар на владата, по истрагата што против него ја отвори Обвинителството за економски криминал и корупција.

Неодамна му беше укинат и пратеничкиот имунитет.

Треба да знаете
Последни објави