Search

Курц денеска во Скопје за поддршка на референдумот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во официјална посета на Република Македонија. 

Тој заедно со австриската делегација ќе биде свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за прифаќање на Договорот со Грција што ќе го отвори патото кон Унијата и НАТО.

– Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Во пресрет на референдумот на 30 септември, вчера во Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а утре на Денот на независноста доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави