Search

Курц: Австрија ќе поддржи корекција на границата ако Белград и Приштина се договорат

Австрија ќе ги подржи сите решенија што ќе бидат договорени во дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи и корекција на границата. Ова во интервју за „Танјуг“ го изјави лидерот на австриската Народна партија (ОВП) и австриски канцелар, Себастијан Курц.

„Нашиот став е јасен. Го подддржуваме сето она за што ќе се договорат страните, па така и можните корекции на границите ако тоа води до сеопфатно решение кое би донело поголема стабилност. Целта мора да биде решавање на сите отворени прашања преку дијалог, објасни  Курц.

Тој нагласи дека дијалогот Белрад- Приштина мора повторно да се поттикне и сите отворени прашања да се решат на преговарачка маса.

На прашањето дали ЕУ воопшти има сила да го реши косовскто прашање и дали има влијание врз Приштина која не еагираше на апелите од Брисел да ги укине таксите, Курц рече дека ЕУ има разни можности да дејствува, но дека на крај е неопоходно во Белград и Приштина да постои политижка волја за компромис.

Треба да знаете
Последни објави