Search

Курц: Австрија се приклучи кон ултиматумот за Мадуро

Aвстрија им се приклучува на земјите членки на ЕУ кои соопштија дека ќе го признаат Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, доколку владата не распише нови претседателски избори, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој на Твитер напиша дека имал многу добар телефонски разговор со претседателот Гваидо и дека тој ја има целосната поддршка на Австрија за обнова на демократијата. O

,,Доколку претседателот на Венецуела, Николас Мадуро не одговори на повикот на ЕУ да распише слободни и чесни претседателски избори, ќе го признаеме и ќе го поддржиме Гваидо за претседател”, порача Курц.

Европските земји меѓу кои Германија, Франција, Шпанија и Британија и поставија на владата на Мадуро осумдневен ултиматум да распише нови претседателски избори, а во спротивно, како САД и други земји, ќе го признаат Гваидо за претседател.

Треба да знаете
Последни објави