Search

Куртоа го смени бројот

Голманот на Реал, Тибо Куртоа, го смени бројот на својот дрес, објавено е на официјалната веб-страница на мадридскиот клуб.

Во новата сезона, 28-годишниот Белгиец ќе носи дрес со број „1″ наместо „13″ како што беше досега.

Промената на бројот беше овозможена откако Реал Мадрид го напушти голманот Алфонс Ареола, кој играше за тимот во сезоната 2019/20 како позајмен од ПСЖ.

Во сезоната 2019/20, Куртоа имаше 43 натпревари за Реал Мадрид, прими 32 гола.

Белгиецот беше прогласен за најдобар голман на шпанскиот шампионат. 

Треба да знаете
Последни објави