Search

Курти се сретна со Мета,Ручи и Баша,ја одложи средбата со Велиај

Односите меѓу Албанија и Косово се одлични и братски,оцени албанскиот претседател Илир Мета по средбата со косовскиот премиер Албин Курти и ја искажа поддршката за дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Соработката меѓу двете земји се смета за стратешка, стабилизирачка за регионот и ориентирана кон евроатлантската перспектива. Ние треба да го конкретизираме стратешкото партнерство со Косово, со што ќе станеме модел и поттик за регионална соработка”,оцени претседателот Мета.

Откако му го честитал преземањето на премиерската функција и му посакал „многу успеси за доброто на Косово,неговиот народ и нашата европска иднина”, му порачал на премиерот Курти дека „неговата влада ги има сите можности да биде позитивен пример за добро управување во нашиот регион”.

На средбата разговарале и за интензивирање на соработката меѓу двете држави, процесите за нивна интеграција во ЕУ како и за случувањата во регионот.

Претседателот Мета додал дека Албанија го поддржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји.

-Во овој контекст, добредојдени се и напорите на САД и ЕУ за продолжување на дијалогот меѓу Република Косово и Република Србија. Важно е сите косовски политички сили да се обединат околу сеопфатната платформа во овој процес, рече Мета.

Претседателот Мета, изрази целосна увереност дека косовските институции ќе продолжат да го претставуваат најдобриот интерес на Косово во дијалогот со Србија.

Шефот на албанската држава ја поздрави тесната соработка со стратешките партнери, САД, Германија, Велика Британија и други партнери „ кои одиграле клучна улога во независноста на Косово”.

Курти кусо изјави дека сака да ја зголемат соработката со Албанија.

-Има толку многу области каде можеме да ги реализраме веќе потпишаните договори, но зошто да не потпишеме и нови, рече Курти.

Косовскиот премиер,претходно се сретна со премиерот Еди Рама, а оствар средб и со собранискиот спикер Грамоз Ручи,на која домаќинот искажал целосна убеденост дека Косово ќе ги надмине сите предизвици, како и со лидерот на најголемата опозицска партија, демократската, Љуљзим Баша.

Средбата со градоначалникот на Тирана,Ерион Велиај,на која на Курти требаше да му го предаде клучот на Тирана, е одложена поради планираната средба на Курти со италјанскиот минстер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, во Приштина.

Треба да знаете
Последни објави