Search

Курти се потпиша на петицијата на Самоопределување за вонредни избори

Довчерашниот вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти се потпиша денеска на петицијата покрената од неговата партија, Движење самоопределување (ВВ), која бара одржување вонредни парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај сликите од потпишувањето што ги објави на својата страница на Фејсбук, Курти им порача на сите косовски граѓани да го поддржат барањето на ВВ за избори.

– Изборите се наша политичка цел, бидејќи изборите се прекршениот демократски принцип. Ги повикувам сите граѓани да ја потпишат петицијата на плоштадите во нивните градови, доколку не го сториле тоа досега, напиша Курти.

Собранието на Косово, кое со минимално мнозинство од 61 глас од 120-те пратеници, ѝ изгласа доверба на новата Влада предводена од Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), вчера му стави крај на четиримесечното владеење на Курти.

Треба да знаете
Последни објави