Search

Курти пристигна во Тирана, пречекан со сите државнички почести

Косовскиот премиер Албин Курти денеска престојува во неколкучасовна официјала посета на Албанија, што е негова прва посета на друга земја, по изборот за премиер, на 3 февруари.

Од неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со сите државнички почести.

Она што медумите посебно го забележуваат е фактот што тој застанал до косовското знаме, а била интонирана и косовската химна, кои се дел од планот на Ахтисари, а кои во изминатиот перод Курти не ги прзнаваше.

По средбата со Рама планирана е заедничка пресс – конференција.

За време на престојот ќе се сретне и со шефот на албанската држава Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и со лидерот на најголемата опозициска партија,Демократската,Љуљзим Баша.

Курти,како и претседателката на Парламентот Вјоса Османи, веднаш по изборот изјавија дека првите нивни посети надвор од Косово ќе бидат во Албанија.

Треба да знаете
Последни објави