Search

Курти потврдил дека ќе ги укине таксите за Србија

Шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Наталија Апостолова, изјави дека очекува наскоро да бидат укинати таксите за стоката од Србија и дека тоа на состанок неодамна ѝ го потврдил премиерот на Косово, Албин Курти, пренесува „Танјуг“.

Апостолова за РТК на српски јазик рекла дека реципрочните мерки кои Приштина сака да ги воведе за Србија не би требало да ги влошуваат односите меѓу Приштина и Белград туку би требало да имат спротивен ефект – да ги отстранат пречките меѓу двете страни.

Апостолова за емисијата „Разговор“, која ќе биде емитувана на 27 февруари, рекла дека добила уверување од Курти дека таксите ќе бидат укинати, додавајќи дека не ги знае деталите кои се однесуваат на воведување реципроцитет кон Србија.

Треба да знаете
Последни објави