Search

Курти не се откажува од „Голема Албанија“

Албин Курти, кандидатот за премиер на Движењето Самоопределување, кој според првичните прелиминарни резултати на ЦИК, доби најголема поддршка од косовските граѓани на последните предвремени избори, вчера повтори дека е за национално единство на Албанците во рамките на федерацијата, а никако во рамките на Европската унија.

-Ниту едно национално обединување на Албанците не може да се случи во рамките на Европската унија. Не можам да кажам дека националното единство се случува во ЕУ. Тука се придружуваме на Данците, Австријците и Шпанците. Нашиот сојуз треба да се случи овде, рече Курти во интервјуто за КТВ, прво од прогласувањето на изборната победа..

Лидерот на Движењето Самоопределување посочи дека националното обединување е „историски интерес на Албанците“, а цитирајќи го починатиот поранешен лидер на македонската албанска партија ДПА, Арбен Џафери, тој вели: „Ние не избираме (албанска) унија, таа не одбира нас“.

Тој претходно изјави дека нема да брза со продолжувањето на разговорите меѓу Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави