Search

Курти: Денешната акција на полицијата е против шверц, нема толеранција за криминални групи

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција е насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северниот и јужниот дел на Косовска Митровица.
Курти на својот Фејсбук профил напиша дека косовската полиција претпладнево пребарала неколку локации во Пеќ и Приштина и дека е запленета голема количина стока. Курти посочи дека овие дејствија се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и додаде дека претходно била спроведена истрага. Тој потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица „да не потпаѓаат под влијание на медиумите во Србија”.
„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа”, напиша Курти.

Според директорот на Здравствениот дом во Северна Митровица, Златан Елек, шест лица се повредени за време на полициската акција.

Треба да знаете
Последни објави