Search

Курти: Во Вашингтон се создаде „Четвртата Југославија“

Поранешниот косовски премиер и лидер на движењето Самоопределување Аљбин Курти договорот постигнат во Белата куќа во Вашингтон меѓу Србија и Косово на 4 септември го нарече „ се создава четврта Југославија“, пренесуваат косовските медиуми.

Според него новата Југославија се создава преку областа „мини Шенген“ која на Србија ќе ѝ овозможи економска хегемонија над Албанците на Косово и во Албанија.

-Косовските Албанци и Албанците во таа „Четврта Југославија“ ќе бидат само потрошувачи на српската стока и ќе се надеваат дека ќе ги добијат патарините од српските камиони. Затоа што нашите произведувачи ќе останат незаштитени“, кажал Курти.

Според него косовскиот премиер Авдулах Хоти ги потпишал најголемите отстапки кои Косово ги направило пред Србија од повоениот период.

-Србија се избори за целосна рехабилитација пред светот. Со децении српскиот претседател не одеше во Белата куќа. Хоти ги понижува меѓународната позиција и статусот на нашата земја, заклучил Курти.

Треба да знаете
Последни објави