Search

Курдските борци задушиле терористички бунт во сириски затвор

Курдските борбени единици на коалицијата на Сириските демократски сили (СДФ) ја вратиле контролата над затворот во кој се наоѓаат заробени терористи во градот Хасака, објави во неделата бејрутската телевизија „Ал Мајадин“.

Според каналот, затворот во кој избувнале немирите се наоѓа во округот Гувеиран , а во него има најмалку 3.000 странски платеници кои претходно се бореле за Исламска држава. Тие завршиле зад решетки во пролетта 2019 година кога Курдите уништија пункт на ИД на источниот брег на Еуфрат.

Според курдската новинска агенција „Фират“, затворениците се обиделе да ги земат чуварите како заложници и да го стават затворот под нивна контрола. Единиците на СДФ реагирале и го спречиле овој обид, задушувајќи ги немирите применувајќи сила, но четворица терористи успеале да избегаат.

Курдските борци се во потрага по избеганите криминалци со поддршка од американските беспилотни летала.

Раководството на СДФ постојано предлага европските земји, од каде потекнуваат мнозинството заробени платеници на ИД, да ги преземат и да ги судат во матичните земји. Сепак, сè уште не е постигнат договор за ова прашање. Семејствата на заробените ангажирани платеници се наоѓаат во бегалскиот камп „Ал-Хол“, кој исто така неколкупати беше потресен од немири.

Треба да знаете
Последни објави