Search

Курдите го прифаќаат примирјето, за Дамаск договорот за прекин на огнот е неодреден

Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат се што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани.

Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција.

Тој додаде дека договорот е ограничен на дел од сириската граница со Турција меѓу градовите Рас ал-Аин (на курдски Кобани) и Тал Абџад.

Договорот за прекин на огнот на североистокот од Сирија е неодреден, оцени синоќа советничката на сирискиот претседател Бурина Шабан. Таа истакна дека Дамаск не може да прифати нов Курдистан во Сирија.

Шабан додаде дека Дамаск ќе преземе „важни чекори” со Сириските демократски сили, предводени од Курдите, но дека има уште прашања што не можат одеднаш да бидат решени, пренесуваат британските медиуми.

Турција и САД синоќа договорија петдневно примирје на североистокот од Сирија, за на курдските сили да им се дозволи да се повлечат, по што операцијата „Извор на мирот” во целост ќе биде прекината. Тоа во текот на разговорите во Анкара го договорија  американскиот потпретседател Мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

За Анкара оваа операција е потребна за да создаде „тампон зона” за заштита на турската граница, во која сириските бегалци ќе можат да се вратат од Турција.

Треба да знаете
Последни објави