Search

Куп на Македонија: Академија Пандев ја совлада Победа

Екипата на Академија Пандев ја совлада Победа со 3:1 (0:0) во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.

Сите голови паднаа во второто полувреме, откако со голот на Велинов (53`) беше отворен резултатот во корист на струмичкиот тим. Миловановиќ потоа постигна два гола (54` и 62`), a eдинствениот гол за Победа беше дело на Макота во 81-минута.

Во другото полуфинале, Македонија ЃП ја совлада Беласица со 1:0. Реваншите се играат на 10 април.

Треба да знаете
Последни објави