Search

Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија

Интегрален текст од видео обраќање на Орце Ѓеорѓиевски,член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

Корона вирусот удри по здравјето, но удри и по економијата.

Огромни се штетите на македонските компании.

Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра.

Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство.

Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија.

Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места.

Едноставно е, купувајте македонски производи.

Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси.

Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави