Search

Куман во Киев заминува без Меси

Првата ѕвезда на Барселона и еден од најдобрите фудбалери во светот Аргентинецот Лионел Меси нема да патува со тимот во Киев, каде утревечер ќе го одиграат четвртиот натпреавр од групата во Лигата на шампионите против домаќинот, украинскиот гигант Динамо. Покрај Меси, во тимот на Барселона не се наоѓа ниту Френки Де Јонг. Двајцата играчи добија поштеда од тренерот Роналд Куман.

Куман претхофно најави дека Де Јонг кој досега ги одигра сите натпревари за Барселона, мора да добие одмор. И Меси ги одигра сите натпревари за својот тим, а покрај тоа одигра и 180 минути за аргентинската репрезентација во квалификациите за СП 2022, по што евидентно е дека му е потребен одмор.

– Одлучивме Меси и Де Јонг да не одат во Киев. Ситуацијата во Лигата на шампионите е добра за нас. Имаме девет бода и време е за одмор за некои фудбалери – изјави Куман.

На нивното место Куман се одлучи во Киев да ги поведе јуниорите Ињаки Пења, Мингуез и Конрад.

Треба да знаете
Последни објави