Search

Кумановец прободен со нож во тепачка пред кафуле

Двајца кумановци завршиле во болница по тепачка во кафуле, вчера во Куманово, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 21 часот во кафе бар на улицата Трета Македонска ударна Бригада.

По вербална расправија, кумановците А.А.(32) и Ш.Ј.(20) физички го нападнале Б.И.(32) од Куманово. Тие со разни предмети го удирале Б.И., кој во еден момент извадил нож и го прободел А.А. во стомакот. Прободениот кумановец веднаш бил пренесен во болницата во Куманово, а таму бил донесен и Б.И. со тешки  повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава

Треба да знаете
Последни објави