Search

Кумановец претепан и ограбен од синовите, му зеле 20.000 долари

Кумановец бил претепан и ограбен од своите двајца синови, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 16 часот во СВР Куманово било пријавено разбојништво во куќа на улицата Драги Шутевски.

Случајот го пријавил Р.С.(65), според кого, неговите синови И.С.(29) и А.С.(18), кои не живеат во истата куќа, го ограбиле. Двајцата наводно го нападнале и му зеле 20.000 долари и 400.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави