Search

Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 18 февруари, во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 108,66 грама спакувана во повеќе различни пакувања. При претресот биле пронајдени и една дробилка со остатоци од марихуана и една дигитална вага за мерење.

Ценејќи ги сите околности во предметот и здравствената состојба на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави