Search

Кулушевски дебитираше за сениорскиот состав на Шведска

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски дебитираше за сениорската фудбалска репрезентација на „викинзите“ на квалификацискиот натпревар за ЕП-2020 со Фарски Острови и со тоа згаснаа сите надежи дека може да се премисли и да го облече „црвено-жолтиот дрес“.

Тинејџерот (19 г.) Кулушевски првпат доби сениорска покана за ноемврискиот двомеч со Романија и Фарски Острови. Дуелот со Романија за Шведска беше клучен околу пласманот на завршницата од ЕП и не доби прилика младиот играч од средниот ред. Откако Шведска ја заври „визата“ за учество на јубилејното ЕП-2020 кое ќе се игра во 13 градови ширум континентот Кулушевски доби шанса да заигра против Фарските Острови. Во игра влезе  од клупата за резерви во 65.минута.

Кулушевски е роден во Стокхолм. Корените му се од Македонија за чија репрезентација до 16 години доби покана и настапуваше, но подоцна се предомисли и се одлучи да ја чека својата шанса за настап во сениорскиот тим на Шведска. Понудата да игра за сениорската репрезентација на Макеоднија не ја прифати.

Кулушевски има забележителни настапи за калчолигашот Парма каде настапува како позајмен играч од Аталанта. Интерес за овој млад игра веќе пројавуваат италјанските гиганти како Интер, Јувентус, Милан…

Треба да знаете
Последни објави