Search

Кулушевски влезе во потесниот избор за најдобар млад играч на годината

Италијанскиот “Тутоспорт“ го скрати списокот на 20 фудбалери кои ќе конкурираат за наградата “златно момче“. Во оваа конкуренција се избира со гласовите на новинарите најдобриот млад играч до 21 година за годинава.

На поширокиот список се најдоа 100 играчи, по што следуваше селекција на 20 кандидати кои ќе финишираат за признанието најдобар. Во потесниот круг за наградата „златно момче“  остана Дејан Кулушевски од Јувентус, Швеѓанец со македонско потекло. Кулушевски почна да настапува за македонската репрезентација во помалите возрасни категории, но брзо се премисли и ја одбра Шведска за која дебитираше и во сениорска конкуренција.

Покрај Швеѓанецот со македонско потекло во траката за наградата најдобар се ѕвезди кои веќе се докажани или ќе се докажуваат на фудбалската сцена како Анси Фати, Ерлинг Халанд, Џејдин Санчо, Феран Торес, Фил Фоден, Букајо Сака, Едуардо Камавинга, Родриго…

Оваа награда се доделува по вторпат. Кој ќе биде овојувачот на признанието одлучуваат со своите гласови 40 новинари од цела Европа.

Првото признание, лани го доби Жоа Феликс, а меѓу 40. номинирани помина и македонскиот репрезентативец, сега член на италјанскиот Наполи, Елиф Елмас.

Треба да знаете
Последни објави