Search

Кулибали е најголемата трансфер желба на Мурињо, а еве и зошто…

Познато е дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака да ја засили одбраната, а негов прв избор е стоперот на Наполи, Калиду Кулибали.

Англиските медиуми шпекулираат дека Јунајтед наводно веќе испратиле понуда до Наполи вредна 103 милиони евра, но понудата веднаш била одбиена од Наполитанците.

„Никој нема шанси да го купи освен ако не понуди некоја луда понуда. Или, можат за тие пари да доведат некој играч кој што е далеку под неговото ниво“, неодамна изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Зошто Кулибали е првата трансфер желба на Жозе Мурињо?Стоперот на Наполи на синоќешниот натпревар против Аталанта буквално се претвори во Усеин Болт.

Треба да знаете
Последни објави