Search

Кулешевски му го расипа дебито на Гатузо на клупата на Наполи

Екипата на Наполи доживеа пораз од Парма со 2:1 вечерва на домашен терен во натпревар од 16. коло од шампионатот на Италија. На овој натпревар на тренерското место кај „наполитанците” дебитираше Џенаро Гатузо.

Најдобар играч на натпреварот беше Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулешевски кој беше стрелец на првиот гол за Парма и асистираше при вториот погодок во третата минута од судиското надополнување.

Голот за Наполи го постигна Аркадиуш Милик во 64. минута за во тој момент израмнување на резултатот.

За Наполи не настапи македонскиот репрезентативец, Елиф Елмаз, за кого медиумите во Италија шпекулираат дека не е по мерак на Гатузо.

Треба да знаете
Последни објави