Search

Кузњецова против Кис во финалето во Синсинати

Поранешната број 2 во светот и освојувачка на два Гренд-слем титули, Светлана Кузњецова ја спречи Австралијката Ешли Барти да се врати на првото место на светската ранг-листа.

Триесет и четиригодишната Русинка, учесничка со „вајлд-карта”, ја победи лидерката во шемата со 6:2, 6:4 и се пласираше во финалето на Мастерсот во Синсинати.

Американката Медисон Кис, пак, ја совлада својата сонародничка Софија Кенин во два сета со 7: 5, 6: 4. Кис се квалификуваше за нејзиното прво финале на тврди терени по Ју Ес Опен пред две години.

Треба да знаете
Последни објави