Search

Кузмановски: Срам ми е да излезам пред „фалангата“, Црногорците ни покажаа како се бори

Филип Кузмановски не го криеше разочарувањето од поразот од Црна Гора, вели дека навивачите заслужуваат многу повеќе од тоа што го прикажаа ракометарите.

вели дека ќе му биде срам да излезе на теренот против Данска.

„Ќе ми биде срам да излезам на теренот против Данска пред нашите навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе од тоа што го покажавме. Немам коментар, навистина не знам што да кажам“, вели Кузмановски.

„Вчера рековме дека треба да ги поправиме тие технички грешки што ги правевме против Словенија, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам кај е проблемот“.

„Сите зборуваат за некоја нова Македонија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме… Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија“.

Треба да знаете
Последни објави