Search

Кузеска по стапките на Костадинов се служи со бедни спинови да го сокрие расколот во СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на прес  конференцијата на Богданка Кузеска

„Кузеска оди по стапките на својот колега Костадинов и шири лаги и зборува глупости.

Денешната прес конференција на Кузеска е уште еден неуспешен обид на СДСМ да шири бедни спинови, за да го сокрие расколот во СДСМ.

Наместо портпаролите на СДСМ да зборуваат глупости нека се договорат меѓу себе кој е ставот на партијата дали имало или не средба во Софија.

Додека Костадинов негира, премиерот во заминување Заев во изјава за медиум потврдува дека имало преговори во Софија.

Очигледно од нервоза портпаролите на СДСМ како да го одбранат Заев губат контрола на реалноста.“

Треба да знаете
Последни објави