Search

КСС уште од јануари бара поголемо зголемување на платите од предвидените пет отсто

Конфедерацијата на слободни синдикати не се согласува со зголемувањето на платите во јавната администрацијата од септември следната година, и бара тоа да се случи уште во јануари. За нив е неприфатливо и зголемување на платите за пет проценти, како што е предвидено во Предлог-буџетот за 2019 година.

Најавуваат протести што ќе почнат во Прилеп на 15 декември, а ќе завршат со централен протест во Скопје. Не ја исклучуваат и можноста од генерален штрајк на јавната администрација.

Не се согласуваме со зголемување на платите од септември и бараме тоа покачување да биде од јануари 2019 година и не се согласуваме со процентот што е предвиден во Предлог-буџетот од пет проценти. Не се согласуваме бидејќи минатата година имаше покачување на минималната плата и согласно законите во Македонија требаше да се направи усогласување со колективните договори, но тоа не се направи и се создаде едно порамнување на платите со носителите на дејноста и не се задржа распонот на платите по вертикала во јавниот сектор. Сето тоа доведува до напуштање на стручните кадри од јавната администрација, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

КСС не се согласува и со најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор и смета дека парите што треба да се наменат за овој трансфер може да се пренаменат за преквалификација на јавните службеници.

Од КСС бараат и исплата на К-15 во јавниот сектор, кој сега е задолжителна обврска за приватниот сектор

Треба да знаете
Последни објави