Search

КСС со истите барања на нов протест во сабота во Кичево

Конфедерацијата на слободни синдикати за во сабота најавува нов протест што ќе се одржи во Кичево, а на кој повторно ќе ги испорачаат истите барања за усогласување на платите со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и да не се прави трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор.

– Владата што поскоро да ги разгледа нашите барања кои се во согласност за законите, а во спротивно не само што ќе организираме протести, туку ќе го радикализира своето делување. Притисокот од нашето членство е се поголем и бара веднаш да се пристапи кон генерален штрајк, истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.

Според Ралповски, само 10 проценти од вработените во јавниот сектор се на раководни функции и тие земаат плата поголема од просечната плата, а останатите 90 проценти земаат плата пониска од просечната.

Во однос на вработувањата на блиски лица на функционерите во јавниот сектор, од КСС велат дека се против ваквите вработувања и предлагаат доколку има превработеност во јавната администрација, да се замрзнат вработувањата со што за околу три години со одењето во пензија, би се намалил бројот на вработени во администрацијата за околу 20 проценти.

Треба да знаете
Последни објави