Search

„Крушево будно“ и годинава со отворена забава

Два дена забава.
И оваа година по четврти пат, сите на “Oпен ер парти“ во Крушево. „Крушево будно“ во организација на Локалниот Младински Совет со поддршка од Општина Крушево и Министерство за Култура, најавуваат незаборавна забава во Градскиот парк во Крушево со почеток од 21 часот. Влез слободен.

26ти Јули забавата е резервирана за „The Shine“ и „BackDoor Band“ кои ќе го отворат овогодинешното Крушево будно. За крај на првата вечер ги имаме легендарните „Cyrillic“, кои ќе не држат будни до раните утрински часови.

На 27ми Јули започнуваме со локален ди-џеј со што ќе го најавиме настапот на младите дечки од „Bognas and Guitares“ кои со латино звуците ќе ја загреат атмосверата за моментално еден од најпознатите македонски рок бендови Бени и „Нон Стоп“. За крај на овогодинешното „Крушево будно“ имаме едно мало изненадување!

За време на настанот ќе бидат присутни претставници од неколку македонски универзитети, па така забавата ќе има и едукативен карактер.

Треба да знаете
Последни објави