Search

Круемади: Стравот на Рама од Мета се зголемува, претседателот не е опозиција, тој го брани Уставот

Во време кога недоразбрањата и меѓусебните обинувања меѓу претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама  во Албанија достигнуваат кулминација, во одбарана на шефот на државата се јави неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на третата по големина партија, опозициското Движење за социјалистика интеграција.

Гостувајќи во емисија на Ора њуз телевизија таа изјави дека стравот на Рама од Мета се зголемува и додава дека претседателот не е опозиција, туку дека тој го брани Уставот.

-Стравот на Еди Рама од Илир Мета се зголемува. Што се однесува до реакцијата на Мета како претседател, немам причина да му судам. Ако до вчера бев против изборот на Мета за претседател, денес мислам дека тоа е еден од најдобрите избори. Ова покажа дека Илир Мета бил визионер во политиката затоа што сметал дека по 2017 година ќе имаме ваква хаотична ситуација. Единствена легитимна институција денес е претседателската функција, затоа што сите други институции паднаа, дури и оние институции за кои сметаме дека можат да бидат независни но тие се зграпчени од криминални групи и одредени секти кои се поврзани со организиран криминал,рече Круемади.

Околу обвинувањата на Рама дека Мета е водич на опозицијата, Круемасди вели дека претседателот не е опозиција,туку дека го брани Уставот.

– Претседателот Мета е опозиција, туку го брани Уставот. Денес да се зборува за запирање на депопулацијата на Албанија не е теза на опозицијата, туку национална теза каде одговорноста на целата политичка класа мора да биде голема,рече Круемади.

Таа изненади со одговорот околу изборниот законик кој без постигнат консензус беше изгласан во Парламентот и за разлика од Мета,кој најави враќање на закон на повторно разгледување, таа вели дека се надева оти тоа нема да го направи,бидејќи тој ја фарозира опзицијата.

Од друга страна, премирот Рама го повика претседателот што побргу да го потпише или врати на повторно разгледување изборниот законик, изразувајќи решеност да го одобри како што беше изгласан на седницата на 5 октомври.

Треба да знаете
Последни објави