Search

Крос: Незаслужена награда за Меси !

Доделувањето на „Златната топка“ од „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на годината која шпо седми пат ја доби Аргентинецот Лионел Меси, овојпат како играч на ПСЖ ги разбранува духовите меѓу активнит и, поранешните актери во најважната споредна работа на светот. Речиси сите ја критикуваа одлуката Меси да го добие ова престижни индивидуабглно признание. .

Многумина сметаат дека тоа е голема неправда кон Полјакот Роберт Левандовски од Баерн Минхен, но и кон Французинот Карим Бензема од Реал Мадрид. Во оваа јавна дебата се вклучи и фудбалерот на Реал, Германецот Тони Крос.

-Апсолутно незаслужено. Нема сомневања дека Лео Меси заедно со Кристијано Роналдо беа најдобри фудбалери минатата деценија, но оваа година требаше да има некој друг пред него. За мене победник беше Карим Бензема, тој изгледаше како најдобар индивидуалец во Европа минатата година. Тоа можев да го видам одблиску, Карим е неверојатен фудбалер, ова е неправда, порача Германецот.

Треба да знаете
Последни објави