Search

Криштопанс потпиша за ПСЖ

Ракометарот на „Вардар“, Данаис Криштопанс, по завршување на сезоната 2019/20 ќе се пресели во француската престолнина Париз. Тој ќе го засили ПСЖ каде тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

-Летонскиот десен бек Даинис Криштопанс ќе ни се приклучи на лето 2020! Добредојде за него! – објави ПСЖ преку клупскиот Фејсбук.

Криштопанс изрази задоволството што во иднина ќе има можност повторно да соработува со тренерот Раул.

-Среќен сум што ќе играм за една од најсилнити екипи во светот и ќе работам со Раул Гонзалес, истакна бекот на „црвено-црните”.

Според договорот, Криштопанс се обврза на тригодишна соработка со ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави