Search

Критиките за доделената „Златна топка“ го испровоцира да се огласи главниот уредник на „Франс фудбал“

Лавината критики кои беа упатени од фудбалскиот свет, активни и поранешни, на адресата од „Франс фудбал“ околу доделувањето на наградата „Златна топка“ на Лионел Меси од редовите на ПСЖ, а не на Роберт Левандовски од Баерн Минхен го принуди во јавноста да се огласи и Паскал Фере главниот уредник на реномираното спортско списание.

Фере првпат јавно зборувал за оваа ситуација, но вели дека одговорните за изборот нема да избрзуваат со одлуките.

– Не можеме да бидеме сигурни дека Левандовски ќе беше победник минатата година.

– Нема да дознаеме бидејќи немаше гласање, но ако треба да бидам искрен, сигурно дека тој ќе беше фаворит за признанието.

– Она што го кажа Меси од говорницата беше убаво да се слушне, но ние нема да брзаме со одлуките. Сепак, историјата на изборот е поврзана со спроведено гласање, а не еднострана одлука – порача Фере.

Одлуката на „Франс Фудбал“ да не додели „Златна топка“ минатат година поради ситуацијата со пандемијата, со што веројатно пропадна и најголемата шанса признанието да заврши кај Роберт Левандовски беше изложена на критики. Годинава, Левандовски остана на второто место, а лауреатот Лионел Меси самиот пред целокупниот аудиториум посочи дека полскиот репрезентативец треба да ја добие наградата за 2020 година, дури и со толку големо задоцнување.

 

Треба да знаете
Последни објави