Search

Крис Харисон заминува од Bachelor поради расистички коментари

Долгогодишниот водител на американкото реалити-шоу за запознавање The Bachelor („Ерген“) трајно се повлекува од шоуто по острите критики за неговите коментари поврзани со раса.

Крис Харисон, кој исто така ги водеше спин-оф верзиите на шоуто, нема да се врати во програмите на Еј-би-си, објави „Дедлајн“.

Контроверзите избувнаа во февруари, откако тој го оправда однесувањето на поранешен член на актерската екипа, обвинет за расизам, велејќи дека тој не е „разбудена полиција“.

„Со оправдување на историскиот расизам, јас го бранев“, рече тој тогаш.

Харисон беше домаќин на популарното шоу, во кое девојките се натпреваруваат да го освојат срцето на најпосакуваниот неженет маж, цели 25 сезони, од почетокот на шоуто во 2002 година.

Треба да знаете
Последни објави