Search

Кристопанс ќе одмора за Кјелце

Даинис Кристопанс, вардаровиот десен бек кој се повреди уште во првата минута на дуелот со Војводина од регионалната СЕХА-лига брзо ќе се врати на паркетот да им помогне на „црвено-црните“. Направените детални лекарски прегледи покажуваат дека се работи за дисторзија на скочниот зглоб од ногата.

„Џинот“ има оток на зглобот и поради тоа ќе одмора до четврток, а потоа ќе биде одлучено дали ќе тренира. Се очекува да се врати во составот на Вардар за дуелот од 7. коло во групната фаза од Лигата на шампионите со Кјелце. Прогнозите на лекарскиот тим се оптимистички. Кристопанс ќе одмара за в сабота (17.30 ч.) да биде дел од тимот на актуелниот европскиот првак против поранешниот европски владетел  од Полска кој ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“.

.

 

Треба да знаете
Последни објави