Search

Кристи Свонсон во одбрана на Доналд Трамп

Глумицата Кристи Свонсон застана во одбрана на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, по најавите за дигитално отстранување на неговиот лик од „Дома сам 2″.

„Ако ‘Бојкот-култура’ навистина го отстрани Доналд Трамп од филмот на Џон Хјуз „Дома сам”, тогаш како поддршка на МОЈОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, би сакала и јас да бидам официјално отстранета од филмовите на Џон Хјуз – ‘Убава во розово’ и ‘Слободиот ден на Ферис Булер’,” објави на Твитер Свансон, завршувајќи ја пораката со смешко со солзи.

Таа инаку имаше, исто така, куси, камео-улоги во тие два филма. Режисерот и продуцент Џон Хјуз почина 2009 година.

Ѕвездата од „Дома сам 2″, Меколи Калкин ја поддржа идејата да „се исече” ликот на Трамп од филмот.

Треба да знаете
Последни објави