Search

Кристијано Роналдо одговори на обвиненијата за силување: “Јас сум среќен човек”

Кристијано Роналдо пред неколку дена се најде под тешки обвиненија за силување.

Славниот фудбалер бил обвинет од страна на 34-годишната Кетрин Мајорга која тврдела дека тој аи дека анално ја силувал во 2009 година, сега одлучила да проговори за сето тоа бидејќи има тешки психички последици.

Само неколку часа откако ваквите обвиненија излегоа во јавноста, на својот Инстаграм профил се огласил и самиот Роналдо.

“Не, не, не, не, не. Што рекоа денеска? Лажни, лажни вести. Тие сакаат да се промовираат користејќи го моето име. Тоа е нормално. Сакаат да бидат познати изговарајќи го моето име, но тоа е дел од работата. Јас сум среќен човек и се е во ред”, изјавил Роналдо.

Инаку, Мајорга во својата приказна открила дека фудбалерот ѝ дал околу 375 илјади долари за да молчи откако било утврдено дека е силувана, но поради тешките психички последици со кои се соочувала, таа одлучила да проговори по девет години и да го натера Кристијано Роналдо да одговара за она што го направил.

Треба да знаете
Последни објави