Search

„Кристијано Роналдо“ е најопасниот аеродром во Европa

Иако архипелагот Мадеира е поблиску до Мароко, припаѓа на Португалија. Првото нешто што ќе го забележите на главниот остров е обилното зеленило, па неретко го нарекуваат и рајска градина.

На древниот вулкански остров се наоѓа и најопасниот аеродром во Европа што го носи името на фудбалерот Кристијано Роналдо.

Аеродромот се наоѓа меѓу планините и Атлантскиот Океан, а до него авионите се приближуваат многу внимателно, следејќи го правецот на стрелките на часовникот.

При слетување, пилотите прво го свртуваат авионот кон планината, а потоа во последен миг нагло свртуваат десно.

Кога е времето убаво и ведро, овој маневр не им е тежок на пилотите, но кога дуваат силни ветрови што тука не се реткост, воопшто не е сеедно да гледате како авионите се борат со силните налети на ветер.

Поради честите несреќи во минатото, пистата на „Кристијано Роналдо“ беше проширена, но пилотите уште мора да поминат низ специјална обука за да добијат дозвола за слетување на овој остров.

Треба да знаете
Последни објави