Search

Кристијано Роналдо бара итна средба со Флорентино Перез

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Кристијано Роналдо побарал да има средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Португалецот побарал да се види со првиот човек на „Кралевите“ за време на празничниот период кога за кратко ќе биде ослободен од обврските од Јувентус.

Наводно, Роналдо ја побарал оваа средба со цел и официјално да се збогува со човекот кој му даде се додека тој беше во Реал Мадрид. Се открива дека Португалецот сакал да ја расчисти ситуацијата и да ја открие вистинската причина за неговото заминување од Мадрид.

Интересно е што Роналдо формално се уште не се има заблагодарено на клупското раководство на Реал Мадрид и токму затоа побарал средба со Перез.

Треба да знаете
Последни објави