Search

Кристина Агилера сподели извадоци од својот „карантински дневник“ и ги охрабри фановите да го сторат истото

Кристина Агилера минатиот викенд „ги наполни батериите“ со ноќно пливање под месечина.

Деновиве таа реши да почне да управува со своите емоции и менталното здравје во услови на саозолација, и да ги запишува своите чувства во дневник, пренесува британски „Дејли мејл“.

Во средата на Инстаграм пејачката сподели извадоци од она што го напишала во таканаречениот карантински дневник и ги предизвика своите селебрити-пријатели да го сторат истото.

„Денес почнувам дневник,“ 39-годишната пејачка напиша на објавата на Инстаграм.

„Особено во ова време, неопходно е да се фокусираме на нас, да се слушаме себеси и да создадеме безбеден простор еден за друг.“

Потоа таа објаснува дека сите кои ќе ѝ се придружат во предизвикот треба да ги споделат нивните сегашни или минати искуства (тешкотии или најважни моменти), да размислуваат што сакаат да бидат, како сакаат да живеат по корона-кризата, и што би сакале да заборават.

Треба да знаете
Последни објави