Search

Кристина Агилера на својот Инстаграм најави големо роденденско расположение

На 18 декември ќе наполни 39 години.

И една недела пред нејзиниот роденден, Кристина Агилера сподели низа сензационални фотографии, истакнувајќи ги своите облини во светло портокалов комбинизон со длабоко деколте.

На својот Инстаграм, 38-годишната пејачка и кантавторка напиша „Енергија на стрелец. Големо расположение за роденден во најава…“ а ан објавата прикачи и неколку имојли (емоции) – ѕвезда, праска, оган, срце и ракета.

Впечатливиот изглед го дополни со дијамантски обетки, и розов светкав кармин.

Агилера, мајка на две деца, штотуку ја заврши својата најнова турнеја, наречена Турнеја Икс (The X Tour), со последно застанување во Палачио де лос Депортерс, Мексико Сити.

Турнејата опфати 15 градови во Европа и три во Мексико – а започна на 4 јули во Париз и заврши на 7 декември во Мексико Сити.

 

Треба да знаете
Последни објави